Frequently Asked Question
Лозинки
Last Updated 5 years ago
Секоја корисничка сметка во системот на УГД има своја лозинка. При поставување на лозинката мора да ги следите овие правила:
- Да содржи најмалку три од следниве четири типа на карактери:
- Мали латинични букви (abc…)
- Големи латинични букви (ABC…)
- Броеви (123...)
- Специјални знаци (%&!?...)
- Должината на лозинката треба да биде најмалку 8 карактери.
- Не користете кирилични букви и празни места во лозинката, бидејќи некои сервиси не ги препознаваат таквите лозинки. Не користете повеќе од 16 карактери.
- Не користете зборови од речник. MojaL0ziNk@, иако ги исполнува горенаведените задолжителни правила, не е безбедна и е лесна за дознавање.
- Не користете дати на родендени, годишнини и сл., телефонски броеви и сл. во лозинката.
- Не користете шеми од букви и броеви, како 1234%qwer.
- Не користете имиња во лозинката.
- Не ја кажувајте својата лозинка на никој. ИТ Центарот на УГД никогаш нема да ја побара Вашата лозинка.
- За различни системи користете различни лозинки. Не користете ја лозинката од ИТ системот на УГД на ваши приватни сметки (Yahoo, Hotmail, банка...)
- Не ја запишувајте лозинката на лист или електронски.
- Не ја препраќајте лозинката преку електронска пошта, чет систем и сл.
- Лозинката ќе мора да се менува на секои 90 дена. Ќе добиете известување пред истекот на лозинката.
- Нема да може да употребите ниту една од претходно користените 10 лозинки.
- Откако сте ја смениле лозинката, ќе мора да чекате 1 ден ако сакате повторно да ја смените.
- Доколку 5 пати ја погрешите лозинката при најавување вашата корисничка сметка ќе биде оневозможена во времетраење од 1 минута.