Frequently Asked Question

Лозинки
Last Updated 2 years ago

Секоја корисничка сметка во системот на УГД има своја лозинка. При поставување на лозинката мора да ги следите овие правила:
  • Да содржи најмалку три од следниве четири типа на карактери:
    • Мали латинични букви (abc…)
    • Големи латинични букви (ABC…)
    • Броеви (123...)
    • Специјални знаци (%&!?...)
  • Должината на лозинката треба да биде најмалку 8 карактери.
  • Не користете кирилични букви и празни места во лозинката, бидејќи некои сервиси не ги препознаваат таквите лозинки. Не користете повеќе од 16 карактери.
При креирањето на новата лозинка, со цел за зголемување на безбедноста и оневозможување на пробивање на лозинката, обратете внимание на следниве препораки:
  • Не користете зборови од речник. MojaL0ziNk@, иако ги исполнува горенаведените задолжителни правила, не е безбедна и е лесна за дознавање.
  • Не користете дати на родендени, годишнини и сл., телефонски броеви и сл. во лозинката.
  • Не користете шеми од букви и броеви, како 1234%qwer.
  • Не користете имиња во лозинката.
Откако ќе ја креирате новата лозинка, многу важно е нејзиното чување. За чување на лозинката следете ги следниве правила:
  • Не ја кажувајте својата лозинка на никој. ИТ Центарот на УГД никогаш нема да ја побара Вашата лозинка.
  • За различни системи користете различни лозинки. Не користете ја лозинката од ИТ системот на УГД на ваши приватни сметки (Yahoo, Hotmail, банка...)
  • Не ја запишувајте лозинката на лист или електронски.
  • Не ја препраќајте лозинката преку електронска пошта, чет систем и сл.
Поради одржување на високо ниво на безбедност, ИТ системот од вас ќе бара редовно менување на лозинките, по следниве правила:
  • Лозинката ќе мора да се менува на секои 90 дена. Ќе добиете известување пред истекот на лозинката.
  • Нема да може да употребите ниту една од претходно користените 10 лозинки.
  • Откако сте ја смениле лозинката, ќе мора да чекате 1 ден ако сакате повторно да ја смените.
  • Доколку 5 пати ја погрешите лозинката при најавување вашата корисничка сметка ќе биде оневозможена во времетраење од 1 минута.


Please Wait!

Please wait... it will take a second!