Frequently Asked Question

Инсталација на Office 365
Последно обновено 4 years ago

Како студент или вработен на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип можете да го користете Microsoft Office 365 пакетот на апликации на 5 Ваши компјутери (десктоп или лаптоп) со Windows или macOS и на 5 мобилни уреди (паметни телефони или таблети) со iOS или Android оперативен систем. Ова значи дека можете да ги инсталирате и користете последните верзии на Word, Excel, PowerPoint, OneNote, Outlook… легално и бесплатно.

За да го инсталирате Office 365 на Вашиот компјутер следете ги овие чекори:
  1. Најавете се на https://portal.office.com со Вашата УГД е-пошта.
  2. Од горниот десен агол изберете Install Office -> Office 365 Apps.
  3. Следете ја постапката…
Подетално упатство за инсталација, како и за инсталација на мобилни уреди може да прочитате овде.
Оваа инсталација на Office пакетот ќе ги отстрани претходните верзии на Office апликациите што ги имате на Вашиот компјутер. Доколку имате инсталирано некоја верзија на Microsoft Project или Visio прочитајте овде.
Ова не важи за службените компјутери (и лаптопи) кои се инсталирани од страна на Секторот за ИКТ!

Ве молиме почекајте!

Ве молиме почекајте... ќе потрае неколку секунди!