Frequently Asked Question

OneDrive
Last Updated a year ago

OneDrive овозможува складирање и споделување на лични документи.

Тоа е безбеден, онлајн простор за складирање каде што можете да ги чувате Вашите податоци (лични податоци, фотографии, деловни документи, презентации, табели, музика, видеа и сл.)

Бидејќи OneDrive е онлајн cloud сервис, податоците што ги чувате таму се достапни од било кој уред, без оглед каде и да сте доколку имате интернет пристап. Се што ви треба е компатибилен веб прелистувач или OneDrive клиент апликација како и корисничка сметка.

Пристапување на OneDrive преку веб прелистувач

- Отворете го Вашиот веб прелистувач и посетете ја страницата за најава.

- Внесете ги Вашите податоци за корисничко име и лозинка.

- На почетокот ќе биде прикажан Вашиот веб Outlook клиент. За да пристапите на OneDrive, кликнете на иконата со 9 точки од горниот лев агол на Вашиот екран.

- Од паѓачкото мени кликнете на OneDrive.

    Пристапување на OneDrive од компјутер

- Кликнете на Windows иконата лоцирана во долниот лев кош на екранот.

- Почнете да пишувате “OneDrive” во делот за пребарување.

- Кликнете на OneDrive иконата што ќе биде пронајдена во листата од апликации при што ќе се отвори File Explorer.

- Доколку не сте најавени клиентот ќе ги побара вашите податоци за корисничко име (ime.prezime@ugd.edu.mk или ime.br_index@student.ugd.edu.mk).

- Ќе бидете пренасочени на страницата за најава.

- По најавата Вашиот OneDrive фолдер ќе биде подготвен за употреба.

   Синхронизација и бекап

За да се овозможи континуирана синхронизација и бекап на Вашите податоци потребно е да направете овозможување на оваа опција

- Кликнете со десното копче од глушецот врз иконата на OneDrive и изберете Settings

- Во секцијата Sync and backup изберете Manage backup и овозможете кои папки од Вашиот кориснички профил ќе бидат синхронизирани и бекапирани (Desktop, Documents, Pictures).

Please Wait!

Please wait... it will take a second!