Frequently Asked Question
OneDrive овозможува складирање и споделување на лични документи.
Тоа е безбеден, онлајн простор за складирање каде што можете да ги чувате Вашите податоци (лични податоци, фотографии, деловни документи, презентации, табели, музика, видеа и сл.)
Бидејќи OneDrive е онлајн cloud сервис, податоците што ги чувате таму се достапни од било кој уред, без оглед каде и да сте доколку имате интернет пристап. Се што ви треба е компатибилен веб прелистувач или OneDrive клиент апликација како и корисничка сметка.
Пристапување на OneDrive преку веб прелистувач
- Отворете го Вашиот веб прелистувач и посетете ја страницата за најава.
- Внесете ги Вашите податоци за корисничко име и лозинка.
- На почетокот ќе биде прикажан Вашиот веб Outlook клиент. За да пристапите на OneDrive, кликнете на иконата со 9 точки од горниот лев агол на Вашиот екран.
- Од паѓачкото мени кликнете на OneDrive.
Пристапување на OneDrive од компјутер
- Кликнете на Windows иконата лоцирана во долниот лев кош на екранот.
- Почнете да пишувате “OneDrive” во делот за пребарување.
- Кликнете на OneDrive иконата што ќе биде пронајдена во листата од апликации при што ќе се отвори File Explorer.
- Доколку не сте најавени клиентот ќе ги побара вашите податоци за корисничко име (ime.prezime@ugd.edu.mk или ime.br_index@student.ugd.edu.mk).
- Ќе бидете пренасочени на страницата за најава.
- По најавата Вашиот OneDrive фолдер ќе биде подготвен за употреба.
Синхронизација и бекап
За да се овозможи континуирана синхронизација и бекап на Вашите податоци потребно е да направете овозможување на оваа опција
- Кликнете со десното копче од глушецот врз иконата на OneDrive и изберете Settings
- Во секцијата Sync and backup изберете Manage backup и овозможете кои папки од Вашиот кориснички профил ќе бидат синхронизирани и бекапирани (Desktop, Documents, Pictures).